Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Охрид

31.01.2012   МАЛВП 396/11
   ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
 
            ОСНОВНИОТ СУД ОХРИД , како граѓански првостепен суд, составен од судијата «Трајче Скрчески» како судија поединец, решавајки по тужбата на тужителите «» «Б. Б..» од «О.....» ул.П...“ бр..., «»и «М... А....» од с.«Л...» ул.Р..“ бр...«» , против тужениот «»«Ј.. И.. од с.«Л....»,«» ул.“Р...“ бр....,за долг, вредност «172.681.00» денари, по одржаната, усна, јавна и главна расправа, на ден «» 26.01,2012година, во присуство на полном. на тужителите адв. «Лилјана Чанова» ,а во одсуство на тужениот уредно викан,   ја донесе следната:
 
 
П Р Е С У Д А
 
            СЕ УВАЖУВА тужбеното барање на тужителите Б.... Б.... од О.... и М... А... од с.Л....,против тужениот Ј.... И.... од Л......
 
             СЕ ЗАДОЛЖУВА т..... Јане И....   од Л... по основ на регрес на тужителот Б.. Б.... од О... да му исплати вкупен износ од 61.000,00ден, со законска казнена камата на поединачните износи во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на претходното полугодие ,зголемена за 8%проценти поени до исплатата и тоа,
               - на износ од 22.000,00ден законска казнена камата сметано од 17.09.2010год до исплатата,
                 -на износ од 3.000,00ден законска затезна камата сметано од 18.12.2010год,до исплатата
                  -на износ од 6.000,00ден со законска казнена камата сметано од 17.11.2010год.,до исплатата,
              -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 19.01.2011год.до исплатата,
           -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 24.02.2011год.до исплатата,
           -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 24.05.2011год.до исплатата,
          -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 21.07.2011год.исплатата,
         -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 24.09.2011год.исплатата,
 
                СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот J.... И...   од Л.... по основ на регрес на тужителот М... А.... од Л... ,да му исплати вкупен износ од 111.681,00ден со законска казнена камата на поединачните износи во висина на референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на претходното полугодие ,зголемена за 8%проценти поени до исплатата и тоа,
               - на износ од 78.681,00ден законска казнена камата сметано од 17.09.2010год до исплатата,
                 -на износ од 3.000,00ден законска затезна камата сметано од 18.12.2010год,до исплатата
                  -на износ од 6.000,00ден со законска казнена камата сметано од 20.10.2010год.,до исплатата,
              -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 08.04.2011год.до исплатата,
            -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 24.06.2011год.до исплатата,
          -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 20.08.2011год.до исплатата,
          -на износ од 6.000,00ден законска затезна камата сметано од 21.10.2011год.исплатата,сите износи во рок од 15дена од приемот на пресудата КАКО БАРАЊЕ НА ЗАКОН ОСНОВАНО.    
 
            СЕ ЗАДОЛЖУВА  тужениот да му исплати на тужителот на име трошоци во постапката вкупен износ од 18.594,оо «»денари, во рок од 15 дена по приемот на оваа пресуда.
 
                              О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
           
            Тужителите преку својот полном. адв. Лилјана Чанова   поднесоа тужба против тужениот со барање како во диспозитивот на оваа пресуда.
             На одржаната расправа пред овој суд.пол. на тужителите остана во се како во тужбата и предложените докази и наведе дека тужителите го докажуваат правниот интерес за водење на на оваа постапка од причини што истите во својство на гаранти му ги исплатиле утужените износи на доверителот “О... Б...“АД О.., кои банката ги побарувала од тужениот како должник,така што тужениот е должен на тужителите им го надомести паричниот износ што тужителите го имаат исплатено за негова сметка.
            Тужениот иако уредно викан не го оправда својот изостанок,а не даде ни одговор на тужбата.
            Судот ги изведе доказите и откако истите ги ценеше во смисол на чл.8 од ЗПП, ја утврди следната фактичка состојба:
 
            Тужителите и тужениот биле колеги од работа .Тужениот со “О... b...“ АД О..., склучил договор за кредит бр......., при што тужените му биле жиранти, односно се јавиле во својство на гаранти и се обврзале спрема доверителот “О... б..“ дека ќе ја исполнат полноважната и стасана обврска на должникот-тужениот Ј... И..... 
              Тужениот иако знаел за паричните обврски кој ги имал спрема банката,не пристапил кон доброволно плаќање на ниедна втасана обврска.
                Доверителот “Охридска банка“ на 16.09.2010год. пристапил кон наплаќање на паричните обврски. Од сметката на првотужителот Б... Б..... запленила втасан износ од 22.000,00ден, а од второтужениот М.... А..... запленила 78.681,00ден.
              После запленувањето на паричните средства од сметките на тужителите,истите се обратиле до тужениот и го предупредиле уредно да ги плаќа стасаните ануитети,а нив да им ги исплати запленетите износи.
        Со оглед да тужениот продолжил да биде неисполнителен према доверителот-банката,а стасаните рати од кредидот биле и понатака наплатувани од сметките на тужителите ,истите поднесуваат тужба за да го остварат парично побарување према тужениот.
            Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од изведените докази.
            Од увидот во картица за партија br.......на О.... б.... АД О....  на име на првотужителот,се утврди фактот да од сметката задржани му се 22.000,00 ден. со налог за пренос.
            Од увидот во картица за партија br.... на О.... б...АД О... на име на второтужителот,се утврди фактот да од сметката задржани му се 78.691,00ден со налог за пренос.
            Од увидот во вирманите на О... б. со потпис од тужителите се утврди околноста дека тужителите ги плаќале ратите на тужениот на име кредит, во износи како во изреката на оваа пресуда при што на секоја уплатница стои цел на дознака враќање на кредиот од Ј.... И.... во корист на О... б... АД О.....
            Неспорна е околноста дека тужителите му се жиранти на тужениот,за кредит од “О.... б...“АД О.....
            Неспорна е околноста дека на тужителите од нивните сметки запленети му се парични средства и тоа на првотужителот Б..... износ од 22.000,00ден,а на второтужениот М..... износ од 78.681,00ден.
            При вака утврдена фактичка положба со примена на одредбите од чл.251ст.1 од Законот за облигациони односи, според кои “Доверителот е обврзан да бара од должникот исполнување на обврската ,а должникот е обврзан да ја исполни совесно во сето како што гласи таа, судот најде дека е основано тужбеното барање на тужителот.
      Согласно одредбите од чл.292 од ЗОО исполнувачот,а во конкретниов случај тужителите како жиранти,врз кого е преминатао побарувањето ,не може од должникот да бараат повеќе отколку што му исплатиле на доверителот.Согласно одредбите од чл.1052 од ЗОО "Гарантот кој му го исплатил на доверителот неговото побарување ,може да бара од должникот да му го надомести сето она што го осплатил од неговата сметка ,како и камата од денот на исплатата.
              Тужбеното барање е основано и во однос на казнената камата која ја бараат тужителите ,согласно 266А од Законот за изменени и дополнувања на ЗОО.
            Од тие причини се одлучи како во диспозитивот на оваа пресуда.
            Одлуката за трошоците е донесено соглансо чл.148 од ЗПП и судот го задолжи тужениот да му исплати на тужителот на име трошоци во постапката износ од 18.594,оо денари и тоа: за состав на тужба со паушал и зголемување за повеќе лица 5.070,оо денари, за состав на полномошно со учество на повеќе лица 1.960,оо денари, награда за едно засапување со паушал, сатнина и повеќе лица 6.084,оо денари, состав на трошковник за учествона повеќе лица 1.690,оо денари, коморска маркица 60,оо денари, судски такси за тужба и одлука 4.000,оо денари.
 
 
                                  Од Основниот суд во Охрид на ден 26.01.2011 година.
                                                                                               
                                                                           С у д и ј а,
                                                                                                    «Трајче Скрчески» с.р.
 
 
ПОУКА: Рок за жалба 15 дена од денот наприемот,
                           преку овој суд до Апелациониот суд-Битола.
 
           Д-на :      адв . Лилјана Чанова и тужениот.«»
.
 
 
 

Назад