Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Најчесто Поставувани Прашања

Од: Слободан Захариески   30.11.2011  Категорија: Општо
Прашање: Имам сообраќаен прекршок од 300 Еу. пред повеќе од 1 год. Платени се 150 Еу. во рок од 7 дена.- на ден 19.10.2010. Примерок од уплатницата уште тогаш однесов во полициска станица во Центар во Скопје. Пред неколку дена на домашна адреса ми стигнало писмо за судење. Кај да ви испратам копија од уплатницата за да проверите дека навистина е платена и да го затворите случајот?!

Одговор: Уплатницата доставете ја до Основен суд Охрид, со назнака за Прекршочна писарница. Меѓутоа , потребно е да ни го доставите и бројот на прекршочниот предмет кој се води против Вас.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?

Одговор: Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право. За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Каде може да сведочам?

Одговор: Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Дали сум заштитен како сведок?

Одговор: Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира:
- Чување во тајност на идентитеот на сведокот,
- Обезбедување на лична заштита,
- Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето,
- Промена на идентитетот

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Дали постои рок во кој судијата мора да ја донесе и изработи пресудата?

Одговор: -Граганска постапка

Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец или претседателот на советот. Во посложените предмети судот може да одлучи да ја објави пресудата за 15 дена од денот на заклучувањето на главната расправа. Во тој случај судот ке заказе ново рочиште на кое ке ја објави пресудата без разлика на тоа дали странките дошле на тоа рочиште.
Писмена изработка на пресудата е во рок од 8 дена а во посложените предмети до 15 дена .

-спорови за смеќавање на владение
Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата;

-работни спорови
Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата;

-Кривична постапка

Пресудата се изрекува веднаш по заклучувањето на главниот претрес.
Откако судот ја изрекол пресудата, претседателот на советот веднаш ќе ја објави. Ако судот не е во можност веднаш по заклучувањето на главниот претрес, ке го одложи објавувањето, но најдолго за 3 дена. На рочиштето пресудата ке биде објавена без разлика на тоа дали е присутен или не обвинетиот или неговиот законски застапник.
Писмена изработка на пресудата се врши 15 дена по нејзиното објавување, но во посложени предмети до 60 дена, а овие рокови не можат да бидат пречекорени.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Постапување по преставки и предлози

Одговор: Писмената во кои се бара превземање на определени дејствија, треба да се јасни и разбирливо напишани на машина. Треба да содржат: ознака за предметот, име и презиме на подносителот, странката или полномошникот. Предметот на барање и куса содржина.
Претседателот или определениот судија, претставките и предлозите што граѓаните ги поднесуваат до судот ги земаат веднаш во работа и по проверката на содржината, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот, му одговараат на подносителот.
Претседателот или определениот судија ќе го обезбеди давањето на потребните податоци и објаснувања на надлежниот орган, за прашања за кои се однесува претставката односно предлогот и известувањата за превземените мерки.
На седница на судиите секој три месеци се разгледува проблематиката во врска со претставките и поплаките и се утврдуваат мерки неопходни за отстранување на слабостите и пропустите во работата.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата)

Одговор: Важно: Рехабилитираното лице се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому.


Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд).
Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација).

1. Законска рехабилитација

Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни:

-за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

- повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди.


2. Судска рехабилитација

Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе:
- своите генералии,
- бројот на пресудата со која е осуден
- видот на казната која му е изречена и
- висината на казната која му е изречена.

Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни:

- По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права
- - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане
- По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат

- Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор:

1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;

Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Што ми е потребно за отпочнување на оставинска постапка?

Одговор: Постапката за расправање на оставина се поведува по службена должност (еx оfficо), штом судот ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено.
Учесници во постапката за расправање на оставина се: наследниците и легатарите и другите лица кои остваруваат некое право на оставината
За отпочнување на оставинската постапка потребни се смртовница, попис на оставината на покојниот и поседовен лист од недвижниот имот на оставителот.
Подрачното одделение на Министерството за внатрешни работи ја доставува смртовницата на покојниот составена од матичната служба, заедно со имотниот лист и пописот со проценката на имотот на оставителот.
Наследниците можат смртовницата, пописот и поседовниот лист на оставителот да ги достават до судот со што ќе го известат судот за смртта на оставителот и на таков начин може да отпочне постапката за расправање на оставината.

Смртовница
Кога некое лице ќе умре или е прогласено за умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичната книга на умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на оставинскиот суд.
Смртовница се составува секогаш кога некое лице ќе умре или ќе биде прогласено за умрено , без оглед дали има или нема имот.
Смртовницата се составува врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот, од лицата со кои умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат податоци кои се внесуваат во смртовницата.

Попис и процена на оставината
Попис и процена на имотот може да се изврши меѓу другите случаи и кога тоа го бараат наследниците, легатарите или доверителите на умрениот.
Попис и процена ќе се изврши и без одлука на судот при составување на смртовницата, по барање на некои од наследниците или легатарите.
Пописот и процената го врши надлежниот орган на управата а може и работник на судот определен од судијата.

13.03.2009  Категорија: Општо
Прашање: Како да се провери во кој стадиум е постапката?

Одговор: Странките можат да се обратат на судската администрација во текот на целото работно време во судската зграда , судската писарница. Времето за работата со странки не може да биде пократко од 5 часа и се објавува на влезот на работната просторија.
Сите потребни информации се добиваат во одделенијата на кои се однесува конкретното барање (кривичен, грагански) и отсеците во секое одделение. За да ја олесните работата на судската администрација и за да добиете точна информација треба да имате основни податоци за она што го барате( број на предмет, основ, странки).
Во судската писарница се водат уписници и помошни книги, одделно според видот на предметите. Од уписниците може во секое време да се утврди каде и во кој стадиум на постапката се наога предметот.
Известувања можат да се даваат и по телефон и писмено на трошок на странката која ги бара. Други известувања за состојбата на предметите можат да се даваат само на лица овластени да ги разгледуваат списите.
Објаснувања за правилноста на судските дејствија, одлуките како и евентуалното искажување за исходот на спорот не се дозволени.